Американецот, Ленс Сторц, од Кентаки е ставен во притвор откако убил двајца и повредил неколку други полицајци.

Инцидентот се случил во неговиот дом, каде тој се забарикадирал и оттаму почнал да пука врз полицаците.

Како што пренесува „Еј-Би-Си“, пукањето се случило во округот Флојд, синоќа околу 18:44 часот по локално време.

Според извештајот за апсење, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците околу неговиот дом, при што убил двајца од нив, како и едно полициско куче.

Полицајците дошле во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство. Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни состојби. Идентитетот на убиените полицајци се уште не е соопштен.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бишер, на Твитер напиша дека округот Флојд претрпел страшна загуба и го повика целиот Кентаки да се моли.

Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, вклучувајќи и за убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој, меѓутоа, се изјасни за невин и судијата го задржа во притвор со кауција од 10 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.