Ерик Кокрејн од американската сојузна држава Масачусетс ја поделил огромната добивка на лотарија со мајстор за гитари, поради претходен негов благороден гест.
Кокрејн пред извесно време ја однел скршената гитара на син му во сервисот на Џон Галвин. Мајсторот знаел дека синот на Кокрејн има здравствени проблеми, па рекол дека ќе го поправи музичкиот инструмент бесплатно. Кокрејн се обидел да го убеди да земе најмалку 40 долари, но Галвин одбил.
Човекот потоа ветил дека ќе купи две лото-ливчиња за 20 долари и оти ќе ги подели парите со Галвин, доколку има некаква добивка.
Добивката изнесувала еден милион долари. Кокрејн одлучил да не ги зема на рати, туку одеднаш, па сумата изнесувала 650.000 долари.
Тој притоа го одржал зборот и го зел Галвин со себе кога отишол во седиштето на лотаријата да ја подигнат добивката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.