Украина за влакно избегнала катастрофа во борбите за време на викендот околу најголемата европска нуклеарна централа поради гранатите, дел од кои паднале во близина на реакторот и ја оштетиле зградата за складирање радиоактивен отпад, соопшти организацијата на Обединетите нации за нуклеарен надзор.
Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинуваа за најмалку дваесетина експлозии во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на Русија од почетокот на инвазијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика НАТО да ја гарантира безбедноста од „руска саботажа“ на нуклеарните објекти. Шефот на руската државна агенција за нуклеарна енергија Росатом кажа дека за неделното гранатирање разговарал со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) и кажал дека постои ризик од нуклеарна несреќа.
Нивото на радијација останува нормално и нема извештаи за жртви, соопшти ИАЕА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.