Шефот на воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер, изјави дека Алијансата почнала да се подготвува за воена конфронтација со Руската Федерација, 14 години пред почетокот на војната во Украина.
Според зборовите на адмиралот Бауер, НАТО своите воени планови за соочување со Русија ги напишал на 4,5 илјади страници.
Всушност, од 2008 година војската работи на враќање на нашето размислување на принципите на колективната одбрана. Ова беше неопходно како резултат на однесувањето на Русија, која беше партнер на НАТО повеќе од 15 години, но потоа се случи Грузија во 2008 година, Украина во 2014 и 2022 година. Најголемата промена во НАТО е подготовка за конфронтација со се поагресивен непријател“, изџјави Бауер.
Во 2015 и 2016 година, Алијансата распореди четири баталјонски борбени групи на Балтикот и во Полска, подготвени за брзо преобразување во бригади. Во периорот потоа, НАТО создаде и четири такви групи во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.
Во плановите на НАТО се истакнува потребата од способноста да биде зголемен бројот на вооружените сили на Алијансата на границите со Руската Федерација на 300 илјади во рок од 30 дена во случај на конфликт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.