Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави план за ослободување на еден милион барели нафта дневно од стратешките резерви на земјата во следните шест месеци, соопшти Белата куќа.

Како што беше претходно најавено, се размислува за ослободување до 180 милиони барели нафта од стратешките резерви (СПР) на пазарот во текот на неколку месеци, во рамки на обидите на Белата куќа да ги намали високите цени на горивото.

Ова би било трет пат во последните шест месеци САД да ги користат своите стратешки резерви за „ладење“ на цените на пазарот на нафта и во исто време најголемата количина пласирана на пазарот во речиси 50-годишната историја на СПР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.