Од азербејџанскиот регион Нагорно Карабах во Ерменија влегле 13.550 луѓе, соопштија денеска ерменските власти.
Сè поголем број етнички ерменски бегалци бегаат од Нагорно-Карабах откако Азербејџан минатата недела го зазеде спорниот регион, во кој живеат околу 120.000 етнички Ерменци.
„До 08:00 часот на 26 септември, 13.550 внатрешно раселени лица влегле во Република Ерменија од Нагорно-Карабах. Податоците за регистрација на 11.000 од нив се веќе обработени, а причините за 2.550 лица се уште се разјаснуваат“, се наведува во соопштението на ерменската Влада на социјалните мрежи.
Владата на Ерменија соопшти дека „на сите граѓани кои немаат однапред одредено место на живеење ќе им се обезбеди соодветно сместување“.
Ерменија е подготвена да ги прифати сите етнички Ерменци, сонародници кои планираат да го напуштат Нагорно Карабах, изјави претходно ерменскиот премиер Никол Пашинјан во своето обраќање до нацијата.
Околу 120.000 Ерменци од Нагорно-Карабах планираат да заминат во Ерменија бидејќи не сакаат да живеат во Азербејџан и се плашат од етничко чистење, соопшти Давид Бабајан, советник на претседателот на отцепениот непризнаен регион.
Бабајан изјави дека Ерменците не сакаат да живеат во состав на Азербејџан и дека 99,9 отсто од нив поради тоа ќе го напуштат Нагорно Карабах
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.