Хуманитарните организации Лекари без граници (МСФ) и СОС Медитеран спасија 110 мигранти во близина на либискиот брег.

Екипажот на СОС Медитеран прими 37 луѓе на нивниот спасувачки брод „Океан викинг“ и пријави неколку случаи на хемиски изгореници на кожата предизвикани од мешавина на бензин и солена вода кај мигрантите. Подоцна тимот на Лекари без граници спаси 73 луѓе, грижејќи се за нив на бродот „Гео Баренц“.

Италија им дозволи на двата брода да впловат во пристаништето Анкона на Јадранското Море и им дозволи на мигрантите да ги напуштат бродовите. Според СОС Медитеран патувањето до Анкона ќе трае околу четири дена.

Политиката на новата италијанска десничарска Влада е да назначи пристаниште каде ќе можат да впловат бродовите кои спасуваат мигранти од Средоземно Море. Претходно, спасувачките бродови чекаа по неколку дена на море чекајќи да одобрение за пристаниште



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.