Сомнежите за убиството кое го потресе Балканот е дека морнарот, државјанин на Србија, кој има околу 50 години, извршил самоубиство
Обвинителството во Џенова и италијанската полиција продолжуваат со истрагата за мистериозната смрт на српскиот морнар, кој беше пронајден мртов со пресече грло на бродот MSC Adelaide.
Наводно пред смртта и напишал порака на сопругата со сопствена крв
Тој бил пронајден мртов неколку часа откако полицијата запленила повеќе од 400 килограми кокаин во контејнер кој патувал со чамец.
Италијанските медиуми јавуваат дека колега го пронашол жив со жилет во рака и го вклучил алармот. Наводно од рака му го фрлил бричот кој се уште не е пронајден.
Србинот наводно и оставил проштална порака на сопругата пред смртта, која ја напишал со крв на преградата на бродот.
Заменик-обвинителката Еугенија Меникети утрово извршила увид на бродот и во наредните денови ќе бидат сослушани сите 20 членови на екипажот, меѓу кои и командантот, единствениот Италијанец на бродот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.