АД „Пошта“ заедно со својот партнер „Халк банка“ денеска ја промовираше новата услуга „Пошта поблиску до граѓаните“, која им овозможува на граѓаните од Општина Центар сите пратки кои не ги добиле во текот на денот, да си ги подигнат во просториите на зградата на поранешна „Нова Македонија“.
Во рамки на оваа мисија, генералниот директор на АД „Пошта на Македонија“ Јани Макрадули денеска го најави и проектот „Моја адреса“, со кој сите вработени во министерства и државни институции во рамки на зградата на поранешна „Нова Македонија“, ќе може поштата да си ја подигнуваат во оваа зграда.
После „Пензиите до дом“, која ја почнавме со нашиот партнер „ХАЛКБАНКА“, денеска сакаме да информираме дека на граѓаните на Општина Центар доставна пошта станува пошта 14 или популарната „Нова Македонија“, односно сите граѓани од оваа Општина кога ќе добијат ливче каде што пишува 1114, сите пратки кои не ги добиле преку денот ќе може да ги подигнат во просториите на зградата на „Нова Македонија“, рече Макрадули на прес-конференција.
Според Макрадули, со оваа услуга се заштедува време, пари, а има и еколошка компонента.
–Граѓаните од Кпаиштец или од овие маала не ќе имаат веќе потреба да одат до железничка станица, да бараат паркинг, да чекаат редови, а се грижиме и за здравјето бидејќи во гужвите ќе ги избегнеме непријатностите со Ковид пандемијата, додаде Макрадули.
На тој начин, како што рече, целта е и покрај другите доставни пошти, да ги дисперзираат пратките, и да се заштеди на време и пари, но и да не се користат возила, туку луѓе од Центар да ги подигнуваат пратките од најблиските локцаии каде што живеат.
Тој го најави и проектот „Моја адреса“ со кој, како што информираше Макрадули, луѓето кои работат во министерства и државни институции во рамки на зградата на поранешна „Нова Македонија“, ќе може поштата да си ја подигнуваат овде. Исто така, како пилот проект стартува и услугата сите вработени во „Ист Гејт“ да можат поштата да си ја подигнуваат во „Ист Гејт“.
Во однос на прашањето во каква состојба е финансискиот дел на АД „Пошта“, Макрадули рече дека резултатите се подобри, имаат повеќе приходи и помалку расходи, до моментот со цената на струјата и зголемувањето на цената на нафтените деривати.
Подобри се резултатите. Се разбира, минусот не можеме да го покриеме за една година, но имаме и повеќе приходи и помалку расходи до моментот со цената на струјата и зголемувањето на цената на нафтените деривати. Инаку, во оној дел кој што е претходно во првите девет месеци, споредбено со претходниот период имаме повеќе приходи, споредбено дури и со првите три месеци од оваа година, во последните три месеци имаме повеќе приходи, додаде Макрадули.
Во однос на тоа колку се користи услугата за носење пензии до домот на корисниците и дали пензионерите пријавуваат интерес пензијата да им пристигнува преку пошта дома, Макрадули рече дека поголема е заинтересираноста кај пензионерите од руралните средини, но се надева оти таа заинтересираност ќе се преслика и кај лица од урбаните средини и дека ќе има поголема заинтересираност.
Поголема е заинтересираноста во руралните средини и затоа посебно се договараме со нашата деловна банка со која соработуваме, поточно со „Халк банка“, со нивните банкарски офицери и со наш претставник да ги посетиме најодалечените места и да ги завршиме формалностите. „Халк банка“ има околу 15 илјади пенизонери, но она што сакам јас да апелирам е и другите да ја искористат оваа можност за да не се создаваат гужви во време на ковид пандемијата, рече Макрадули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.