ЈСП информира дека Жичарницата денеска, четврток (19.05.2022 год), ќе работи до 17.30 часот, поради редовни планирани тестирања.

Од утре, објектот ќе продолжи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 20 часот, согласно Одлуката за работно време во период мај – септември. Потсетуваме дека во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи, информираат од Јавното претпријатие.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.