Фасада на зграда во скопската населба Тафталиџе освои првото место во изборот за најубави фасади на натпревар во Валенсија. Овој натпревар се одржува секоја втора година и на него се избираат најубавите БауМит фасади.
Компанијата која ја направила фасадата во Тафталиџе, учествувала со два проекти во две различни категории. Едниот проект „Букурешка” победи во категоријата домувања во повеќесемејни станбени објекти, а второпласираниот „Фотевски” во воодушевени од текстурата.
Проектот „Букурешка” беше избран за најдобар меѓу 80 други проекти, додека „Фотевски” се натпреваруше со уште 36 други. Проектот „Букурешка” освои 7.749 поени, а „Фотевски“ 7,652.
Во изборот за најубава фасада имаше 300 проекти од 23 земји во Европа. Победниците наградата ќе ја подигнат во септември оваа година во Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.