Со почеток во 18:30 часот во паркот во населбата Аеродром во Скопје едночасовен заеднички концерт ќе одржат воените оркестри од Армиите на Република Македонија и на САД за Европа и Африка “USAREUR-AF”.
Како што информираат од Генералштабот на Армијата, на концертот кој е дел од предвидените активности во пресрет на вежбата “Swift Response 22” посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе нумери со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки на пријателство и мир.
Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија како дел од армиската соработка, веќе традиционално секоја година одржува заеднички концерти со воените оркестри од армиите на НАТО.
Воениот оркестар на армијата на САД за Европа и Африка утре ќе има и самостоен настап на плоштадот во центарот на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.