Градоначалникот на оштина Бутел, Дарко Костовски, информира дека со исклучително забрзан интензитет се работи на новиот парк во населеното место Расадник.

Покрај паркот кој ќе се простира на над 3.000м2 ова место целосно ќе добие нов изглед. Се отстрануваат одамна поставени бекатонки со цел да добиеме повеќе зеленило и секако разубавување на овој потег.

 

Граѓаните од овој дел на општината ќе добијат ново преубаво место за поминување на слободното време во вистинска рекреација – вели Костовски.

Тој додава дека се остварува ветеното пред граѓаните и дека во општината следува сериозна градежна офанзива

Многу нови асфалтирани улици, нова Градинка, ново училиште, изградба на корито и патеки кај Серава, нови паркови, нови атмосферски и канализациони мрежи, реконструкција и нови спортски и детски игралишта, сериозни инвестиции во образованието и градинките и тн.

 

Работиме искрено, чесно и со многу труд – порачува Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.