Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека за бизнис од 600 милиони на СДСМ и ДУИ, Стевчо Јакимовски ќе го бетонизира Карпош.
СДС и ДУИ се директно засегнати од ДУП-от за Алумина. „Пуцко Петрол“, компанија на синот на Исмаил Јахоски, пратеник од ДУИ е фирмата чија сопственост е земјиштето каде ќе се градат над 350.000м2 станбен и деловен простор.
За „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од над 600 милиони евра, Стевчо Јакимовски ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, затоа што само ВМРО-ДПМНЕ е пречка за бизнис интересите на власта.
ВМРО-ДПМНЕ го блокираше носењето на ДУП-от, затоа што СДС, ДУИ и Стевчо Јакимовски за личен профит се спремни да го бетонизираат Карпош со згради и до 35 ката, без за тоа да има соодветна инфраструктура која ќе овозможи нормален проток на луѓе и возила.
На СДС, ДУИ и Стевчо Јакимовски не им е гајле дали Карпош ќе се блокира и ќе се направи тесно грло, важни им се само профитите, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.