Веќе не е ни новост тоа што СДС, ДУИ и Левица се во коалиција во Советот на Град Скопје. Нивната соработка и нивната поддршка на Арсовска се потврди повторно со гласањето на буџетот на Градот на Скопје, буџет кој е неразвоен, со кој се укинуваат капиталните инвестиции и се намалуваат субвенциите, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Овој буџет е најлошиот буџет кој го имал Градот и освен пари за сомнителни тендери не нуди ништо за граѓаните. СДС, ДУИ и Левица со гласањето на буџетот на Арсовска Данела си овозможија тегла со мед, во која ќе ги брцаат рацете. Единствено добро во целата ситуација е што сите граѓани можат јасно да ја видат оваа коалиција која освен што се лепи со многу мед, меѓусебно се привлекува и со непринципиелноста и меракот за матни бизниси. Арсовска во СДС, ДУИ и Левица си најде сродни души, кои како попчиња и го гласат буџетот за новата изгубена година, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.