Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, 9.3.2024 (сабота), поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено, со почеток од 6 часот, сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по улицата Бутелска, лево по улицата Александар Урдаревски, лево по улицата Боца Иванова и десно до влезот на гробишта „Бутел“, а за излез од гробишта десно по улицата Боца Иванова до кружниот тек на улицата Бутелска, па лево по улицата Бутелска и десно по улицата Кемал Сејфула.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта „Камник“ и во Ѓорче Петров.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.