Успешно организиран првиот ден од „Генералка викенд“ во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров во соработка со Пакомак, Пивара Скопје / Pivara Skopje и МЕН ЕНД МАУНТЕН успешно ја спроведе првата голема еколошка акција „Генералка викенд“ која се одвиваше на три локации.
Се собираше смет, пластика и хартија. За отпадот правилно да биде селектриран и дистрибуиран на соодветни места ќе се погрижи „Пакомак“.
Во акцијата се вклучија граѓаните, администрацијата, како и училиштата на територија на општина Ѓорче Петров.
Ако сакаме младите да живеат тука треба да им дадеме добар пример и причина како повозрасна генерација, да им овозможиме и таква средина.
Ја остваривме целта да ги вклучиме сите генерации, повеќе општествени групи и со тоа да ја подигнеме свеста кај граѓаните. Се заложивме да ја подобриме еко сликата во Ѓорче. На ваков начин продолжуваме да ја реализираме платформата „Ѓорче без отпад“ што е дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, а истовремено придонесуваме и за доброто на целата заедница.
Со секои 10 килограми отпад се придонесува во засадувањето нови пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе бидат засадени во соодветно време од годината.
Акцијата продолжува и утре во 10 часот на локалитет „Крст“ во Кучково. Општина Ѓорче Петров ги повикува граѓаните масовно да се придружат и заеднички да придонесеме за здрава и зелена животна средина за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.