Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски беше во посета на училиштето „Страшо Пинџур“ каде што го поминал своето основно образование.
-Дечињата од три класа од 4-то одделение и еден клас од 3-то одделение споделија со мене одлични идеи. Задоволство е да се слушне колку тие се информирани во однос на работата на локалната самоуправа. Во училиштето во кое јас го поминав моето основно образование секогаш ми навираат убави спомени од детските денови. Сега, од позиција на градоначалник, заедно со мојата администрација, а во соработка со директорите, правиме секојдневни напори за подобрување на состојбите во образовните институции, напиша Стојкоски на Фејсбук.
Стојкоски вети дека ќе продолжат со реализација на нови проекти во областа на образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.