Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес 19.04.2022 година започна со спроведување на теренската активност „Градоначалникот во твоето маало” во рамки на која градоначалникот Стефковски ќе ги посети населените места во општина Гази Баба со цел средба со граѓани и утврдување на проблемите директно на терен со цел брзо изнаоѓање на нивно решение.
Денес, градоначалникот Стефковски го посети населеното место Црешево.
За посетата, Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Во рамки на теренската активност „Градоначалникот во твоето маало” денес бев во посета на населеното место Црешево.
Изминатиот период во населеното место Црешево интензивно работиме на изградбата на првата фаза на фекалната канализација, а денес на жителите им соопштив дека започната е постапка за спроведување на јавна набавка за изградба и на втората фаза на фекалната канализација за Црешево, инвестиција вредна 20.000.000 денари од буџетот на општина Гази Баба. Со реализацијата на втората фаза од фекалната канализација цело Црешево ќе добие фекална канализација.
Имав можност да ја посетам Црквата Св. Спас која е една од најстарите цркви на нашата територија. Сакам да оддадам јавно признание и почит до членовите на Црковниот одбор од Црквата кои секојдневно работат на уредување на црковниот двор и се грижат за нашето културно – историско наследство.
Од граѓаните слушнав и за секојдневните проблеми со кои се соочуваат и за истите веќе од утре ќе бараме решение.
За општина Гази Баба следува период на реализација на голем број на проекти со кои ќе ги подобриме условите за живот во нашите населби и села! – напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.