Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја отвори новата сензорна соба во ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари.

За отворањето градоначалник Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која што напиша:

Отворена сензорна соба во ООУ Наум Наумовски Борче. Со гордост можам да кажам дека сензорната соба од ваков тип е единствена од сите училишта во Македонија која е креирана по сите стандарди и преставува осмислена целина која содржи три различни простори потребни за инклузивно образование и тоа: Простор за сензорна интеграција; Сетилна соба, и Простор за изолација.

Во рамки на сензорната соба е изграден и тоалет прилагоден за лица со посебни потреби.

Нашите заложби за инклузија на децата со посебни образовни потреби ги докажуваме преку реализација на проекти.

Еднакви образовни можности за сите деца е нашата крајна цел“ – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.