Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук ги објави резултатите од извештајот на Центарот за граѓански комуникации за активна транспарентност на институциите во кој оваа година општина Гази Баба бележи напредок и е вбројана во групата на институции со многу добра активна транспарентност.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

Општина Гази Баба со многу добра активна транспарентност
Согласно објавениот извештај на Центарот за граѓански комуникации за активната транспарентност на институциите, општина Гази Баба оваа година има пораст од 2% во транспарентноста.
Оваа година општина Гази Баба согласно напредокот е вброена во групата институции со многу добра активна транспарентност за разлика од минатата година кога била вбројана во групата на институции со добра активна транспарентност.
Овој напредок е резултат на нашата отвореност кон граѓаните, јавноста и институциите.
Тука нема да застанеме. Во следниот период ќе превземеме и дополнителни чекори за зголемување на транспарентноста во нашето работење.
Кога побарав доверба од граѓаните да бидам градоначалник на општина Гази Баба ветив отворена општина, дом за сите граѓани. И тоа станува реалност! – напиша Стефковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.