Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, попладнево и лично учествуваше во воведените полициски патроли во автобусите на ЈСП Скопје, по немилите настани кои минатата недела се случуваа на територија на општина Гази Баба.

За учеството во патролата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Попладнево лично имав можност заедно со преставници на полициската станица од општа надлежност Гази Баба да патувам со автобусот на ЈСП Скопје со број 65 од Автокоманда до Стајковци.
Се сретнав со средношколци но и граѓани со кои разговаравме по однос на немилите настани кои минатата недела се случуваа во овој автобус и мојата порака до сите беше: насилството мора да запре!
Полициски патроли ќе има во автобусите се до целосно надминување на ваквите проблеми.
Моето лично учество во денешната патрола е со цел уште еднаш јасно да ја потврдам мојата решителност како градоначалник на општина Гази Баба за тоа дека вакви настани во иднина нема да дозволиме да се случат!
Секоја институција ќе ги исполнува своите надлежности и само тогаш системот целосно ќе функционира. – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.