Денес во просториите на општина Гази Баба се оддржа приемен ден за граѓаните во кој градоначалникот Бобан Стефковски заедно со преставници од сите сектори на општинската администрација оддржуваа прием за граѓаните.
За приемниот ден, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Попладнето го поминав оддржувајќи приемен ден за граѓаните.
Продолжува новиот начин на организирање на приемниот ден за граѓаните во кој секој граѓанин може да се сретне со градоначалникот и со преставници од сите сектори на општинската администрација со едно доаѓање во општината.
На денешниот приемен ден учествуваа 57 граѓани.
Од почеток на мандатот заклучно со денес во рамки на приемниот ден во општината имам примено 638 граѓани.
Нема граѓанин кој побарал, а не добил средба.
Сите граѓани кои сакаат средба со мене можат да закажат:
со јавување на 023226655
на емаил: gradonacalnik@gazibaba.gov.mk
или со поднесување на формулар на шалтерот во општината.
Директните средби со граѓаните се наједноставниот начин за запознавање со проблемите со цел нивно брзо и ефикасно решавање. – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.