Сојуз на синдикатите на Македонија денеска побара кривични пријави за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП Александар Стојковски. Оттаму порачаа дека градоначалничката, секретарот на Град Скопје и директорот на ЈСП можат да седнат зад воланот на автобусите и да возат, никој нема да ги спречи, сите возачи во ЈСП ги чекаат во базите.

-Град Скопје да поднесе кривични пријави против градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски по член 166 од Кривичниот законик кој покрај другото предвидува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата итн., ќе се казни со парична казна или со затвор до една година” и да не дозволат и да ги оставаат работниците сами да се справуваат со нив! Ако не сте способни да раководите, најдете си по способни што ќе раководат, ќе исплаќаат навремено плати, што нема да вршат мобинг, порачаа од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.