Делегација од Општина Кисела Вода, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, положи свежо цвеќе во црквата „Свети Спас“, на гробот на најголемииот македонски револуционер Гоце Делчев по повод 119 години од смртта.
Големо е името Гоце Делчев. Големи се визиите, соништата за сплотена и слободна Македонија, борбата за идеалите. Големо е Гоцевото дело, кое и денес е наш завет пред иднината. Негувањето на споменот за овој великан кој со живот ја плати љубовта кон татковината, почитта со која го споменуваме е дел од кодот на секој вистински Македонец. И денес, 119 години по неговата смрт, се поклонуваме пред херојството, пред македонската историја која сакаат да ја искриват, обезличат и присвојат. Сега, Гоцевата е и наша борба, опстанокот наспроти сите негации на македонското постоење, македонската реалност и македонската вистина се аманетот кој тој ни го остави. Гоце е Македонија!, изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски кој положи цвеќе и се поклони пред неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.