Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески ѝ укажа на градоначалничката Данела Арсовска не е можно да се закаже вонредна седница во форматот кој таа го бара и е поврзана со случајот со рехабилитацијата на Леонид Индов.
Арсовска претходно денеска преку прес-службата информираше дека до советниците ќе предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид.
– Сепак, должен сум да Ве информирам дека Совет на град Скопје не може да донесе одлука со која би ве задолжил Вам како градоначалник или советниците за донирање средства за споменатата намена. Совет на град Скопје може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на град Скопје, утврдени за соодветната намена – се вели во одговорот на Славески.
Тој потенцира дека доколку биде доставена таква предлог-Одлука со која од Буџет на град Скопје би се донирале средства за помош при рехабилитацијата на Леонид Индов, како Претседател на Совет на град Скопје ќе закаже вонредна седница во рокот утврден со Закон и Статут.
Претседателот Славески ја поздрави хуманитарната акција организирана од Град Скопје и се надева дека нејзиниот личен пример за донирање на една месечна плата ќе го следат и други субјекти од Градот и институциите во негова надлежност, вклучително и членови на Советот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.