Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на седница на советот, по исцрпениот дневен ред, ја информираше јавноста дека иако пред две недели до градоначалничката Данела Арсовска испратил писмо со кое ја известува оти планира да закаже редовна седница за советнички прашања во месец октомври и самата таа да одбере термин, се уште нема одговор.

Само една информација, на 19 септември, пред точно 2 недели, како што спомнав испратив писмо до градоначалникот на Град Скопје со следната содржина: Почитувана, ве известувам дека планирам да закажам редовна седница на Советот на Град Скопје посветена на поставување на советнички прашања во текот на месец октомври. Како можни термини за одржување на седницата се 12 и 19 октомври 2023 година. Ве молиме да ни посочите еден од наведените термини и денови за одржување на седницата на Советот на Град Скопје за поставување на советнички прашања, на која ќе биде во можност да присуствува и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. До овој момент немам одговор на ова барање што мислам дека не е коректно. Може да се одговори со ДА или НЕ, или да се посочи некој друг термин, изјави Славески.

Тој посочи дека според статутот и деловникот за работа на Град Скопје мора да се одржи седница за советнички прашања.

Ова не е коректно, и 2 недели немам одговор на она кое што е предвидено и во статут и деловник за закажување на седница за поставување на советнички прашања, истакна Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.