Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, Општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на Општина Шуто Шризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на  Скопје да се приклучат, соопштија денеска од Општината.

Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, се вели во повикот.

ДЕН: ПЕТОК 22.11.2024 ГОДИНА

СТАРТ: ПАРК КАЈ АМДИ ПАШИНА ЏАМИЈА ВО 13:00 ЧАСОТ (СО ПРЕВОЗ)

СОБИРНА ТОЧКА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ: 14:00 (КАЛЕ ВОДОВОД)

СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЗАСЕГНАТИ ГРАЃАНИ, УЧЕНИЦИ, СТУДЕНТИ, РАБОТНИЦИ И ПЕНЗИОНЕРИ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРОТЕСТОТ КОЈ ВО МОМЕНТОВ НИ Е КРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ДА НИ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КОЈ ДВЕ ГОДИНИ ЖИВЕЕМЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ И ГРАДОТ СКОПЈЕ!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.