На денешната прес-конференција, советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнесоа низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрламе, велат од општина Центар.

Според нив, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината.

-Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини. Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување, истакнуваат од општина Центар.

Навеедуваат дека сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците.

-За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен?

Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните.

За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација, се вели во соопштението на општина Центар.

Шанса за Центар денеска обвинија дека деновиве се објави дека се издадени првите одобренија за продажба на државно земјиште во комплексот Треска. Со тоа се дооформуваат парцели што е чекор пред издавање на градежни дозволи. Потсетуваме дека 47 отсто д целокупното земјиште на таа локација е државно. Тоа значи дека ќе се гради според незаконскиот план скандалозно донесен во 2012 година.

– Со тоа се распрсна уште едно предизборно ветување на СДСМ, кога при промената на власта во 2017 година со сите сили застанаа против тој незаконски план и ветија дека ќе се поништи – велат од Шанса за Центар потсетувајќи дека предизборно градоначалникот Горан Герасимовски велел дека ќе го слуша гласот на граѓаните и дека никогаш нема да дозволи просторот да биде „наметната“ населба.

Затоа потсетуват дека „На 18.2.2020 година, Советот на општината донесе заклучок за урбанистичко решение по пат на објава на конкурс за локацијата на фабрика „Треска“, а според Законот за локална самоуправа и Законот за урбанистичко планирање. Подготвен е стручен елаборат за суспензија на применувањето на тогашниот Детален урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец. Во него се наведени сите елементи за суспендирање на планот, од неусогласеност со параметри и нумерички податоци со план од повисок ранг (ДУП контрадикторен со ГУП), непочитување на подзаконска регулатива, или нарушување на јавниот интерес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.