Екипите на Општина Аеродром се на терен и ги санираат последиците нанесени од обилните врнежи снег, соопштуваат од општината.

На неколку локации се урнаа дрвја поради тежината од снегот, но за среќа не е нанесена значајна материјална штета и нема повредени лица. Остануваме на терен во текот на целиот ден, го расчистуваме снегот на сите површини под наша надлежност и будно ја следиме состојбата за целосна безбедност на сите граѓани, велат од Општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.