Градоначалничката Данела Арсовска освен што покажува неспособност и незаинтересираност за проблемите на скопјани, не работи ништо. Наместо да менаџира единствено што го прави е да бара пари и помош од Владата. И покрај тоа што Владата има обезбедено 70 милиони евра за превоз во Скопје, таа бара пари од Владата за ЈСП, реагираат од СДСМ.
Оттаму велат дека таа бара пари за парно, а Владата обезбедува 80% од трошоците за актуелната цена на парното.
Истовремено, додека бара пари Арсовска вработува 109 партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска нема пари за парно за скопјани, но издвојува 670.000 евра од парите на скопјани за вдомување партиски војници. На Арсовска не ѝ се даваат 1 милион евра за парно, за скопјани да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа нема проблем да потроши 670.000 евра за вдомување на партиски кадри. Крајно време е Арсовска конечно да престане да бара оправдување за нејзината неспособност и да почне нешто да работи, вели партијата на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.