Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Чаир успешно ја спроведуваат работната пролетна акција на територија на оваа општина.

Во рамките на големата акција за генерално чистење на општината Чаир, ЈП „Комунална хигиена“ ја исчисти долгодишната дива депонија лоцирана на улицата Архиепископ Доситеј. Од оваа локација, отстранети се 10 кубни метри отпад.

Од почетокот на акцијата за чистење на општината Чаир, во специјалните садови што ЈП „Комунална хигиена“ ги постави на шест локации во оваа скопска општина беа одложени над 20 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ рачно и машински ги исчистија булеварите и улиците, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги санираа ударните дупки на булеварите и улиците. На булеварот Христијан Тодоровски Карпош и на улиците Џон Кенеди и Цветан Димов санирани се ударни дупки со вкупна површина од 105 квадратни метри. На улицата Цветан Димов се санирани и уредени жардиниерите околу дрвјата, а со цел ослободување на дел од дрвјата направено е проширување со ископ на бекатонот и прередување.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот, екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршија контрола на сообраќајната сигнализација при што исправени се сообраќајните знаци на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а на крстосницата на улицата Џон Кенеди со улица Цветан Димов извршена е демонтажа на оштетен семафорски столб и монтиран е нов семафорски столб со возачка и пешачка латерна и истиот е пуштен во работа.

Во рамките на акцијата е извршена контрола и обиколка на светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во општината и заменети се оштетените делови на семафорите на 7 крстосници.

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ реализираа голем број активности за уредување на зеленилото на булеварите Крсте Мисирков, Цветан Димов, Христијан Тодоровски Карпош, Македонско косовска бригада, како и на улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула. На овие улици и булевари се искосени тревните површини и уредени дрворедите, а беа собрани лисја, хартии и отпадоци. Во рамките на оваа акција на ЈП „Паркови и зеленило“ искосија околу 100.000 квадратни метри тревна површина и собраа 10 полни камиони со отпадоци.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“, во рамките на работните активности од пролетната акција на булеварите Крсте Мисирков, Македонско косовска бригада, Крсте Мисирков, Никола Карев и на улицата Цветан Димов извршија контрола на 55 шахти, рачно се исчистени 29 шахти, 177 сливници, а извршено е и перење и на канализационите линии со цистерни вакуум и прочистување со цистерна притисок.

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Чаир пролетната акција ја спроведува од 18 април до 22 април на територијата на целата општина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.