Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски информира дека денеска започнува пробивањето на улица која ќе ги поврзе улиците „Марко Крале“ и „Зуфер Мусиќ“ и подготвоката и раменњето на просторот на кој ќе се гради спортско-рекреативниот центар „Го сакам Бутел“.
Денес започнавме со првата фаза од пробивање и изведба на новата улица која ќе ги поврзува улицата Марко Крале и улицата Зуфер Мусиќ во Бутел 1. Целосната реконструкција на оваа улица ќе се одвива низ три фази.
🏟 Започнавме и со припрема и рамнење на просторот на кој ќе биде новиот спортско рекреативен центар кој ќе опфаќа фудбалско со вештачка треба, кошаркарско со специјална подлога и детско игралиште. Покрај тоа новиот центар ќе има и нова модерна урбана опрема, летниковец и ново лед осветлување.
Продолжуваме посветено со остварување на ветените проекти пред граѓаните на општина Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.