Град Скопје повторено објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје
Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:
– 1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози
– 2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.
Рокот за пријавување е до 11.06.2022 година.
На членовите од редот на лиценцирани лекари трауматолози и од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата, надоместок во висина од 25.000,00 денари, во нето износ
Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот
Лицата заинтересирани за аплицирање, прашања за појаснување на јавниот повик, може да поставуваат до Сектор за правни работи. Контакт тел: (02)3297- 348 и (02)3297-259 и e-маил адреса: Julijana.Bilkova@skopje.gov.mk
Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.