Градоначалничката Данела Арсовска ги тргна портретите на досегашните градоначалници на Скопје кои над 20 години стоеја во салата за состаноци до нејзиниот кабинет, објави порталот СДК.мк.

Неколку месеци по доаѓањето на функцијата, Арсовска наредила портретите да се тргнат од салата и да се закачат во ходникот каде што се вецињата и бифето. Така, сега портретите на Петре Шилегов, Коце Трајановски, Трифун Костовски, Ристо Пенов, Јове Кекеновски, Горан Николовски и Милан Талевски висат над тоалетите, во ходник низ кој не поминува Арсовска.

Уште од времето на Ристо Пенов, а можеби и пред тоа, портретите од сите досегашни градоначалници стоеја во салата за состаноци, која се наоѓа и е дирекно поврзана со канцеларијата на Градоначалникот на Град Скопје. Во оваа сала, градоначалниците одржуваат работни состаноци, примаат поголеми делегации и гости. Исто така, во салата каде беа досега портретите повеќе од 20 години сите досегашни градоначалници одржуваа прес-конференции и брифинзи со новинари, новогодишни приеми за медиумите и работни средби со нив.

Целиот текст на СДК МК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.