На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 12 за возење под дејство на алкохол, четири мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.