Директорката на Комунална хигиена, Косана Мазнева синоќа со полиција стигна во дирекцијата на Јавното претпријатие, барајќи прекин на бојкотот на вработените, додека тие и порачаа да им ги покачи платите и да ги врати вработените.

Ова се случува откако таа не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Таа вчера кажа и дека од нив добивала закани по живот. Обвини дека оваа група им се заканува на останатите вработени да не излегуваат и да работат и затоа вели таа, на 40 степени во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

Разговаравме за револтот и попречувањето на работниот процес, што е спротивно на законот. Ќе разговараме од понеделник. Работата треба да продолжи, а законите мора да се почитуваат, изјави Мазнева по посетата синоќа во дирекцијата, по што еден од вработените ја прекина довикувајќи: „исполни ги условите, покачи ги платите“.

Вработените потоа продолжија: Покачи ја платата 50 отсто и веднаш излегуваме на терен. И врати ги вработените!

Директорката им врати со ветување дека ќе добијат К15.

Додека си заминувала продолжиле да се слушаат извици: Покачи ја платата.

Вработените трет ден одбиваат да работат и бојкотираат, а градот се гуши во смет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.