На прашањето дали смета дека обвинувањата од страна на советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје дека градоначалничката Данела Арсовска не сака да ги слушне нивните прашања и покрај закажаните седници, би можеле да ѝ наштетат на ВМРО-ДПМНЕ и евентуалните предвремени парламентарни избори, лидерот Христијан Мицкоски во вечерашната „Топ тема“ одговори дека напротив, поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини е двојно зголемена.

Еве јас како лидер на опозиција би кажувам дека во оние општини во Скопје каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници пред изборите и сега е некаде двојно зголемена разликата во однос на СДСМ, а некаде и тројно, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.