Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес го означи почетокот на градежните работи за изградба на фекална канализација на улицата „Сава Михајлов“, во населеното место Јане Сандански.

За почетокот на градежните работи, Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

Денес започнаа градежните работи за изградба на фекална канализација за зградите на крај на улица Сава Михајлов во населеното место Јане Сандански. Со овој проект се решава долгогодишниот проблем на граѓаните. Ветувањата дадени пред граѓаните се реализираат, напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.