Златко Перински, во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за тендерот за пречистителна станица и потенцираше дека во ваков случај невозможно е да се влијае на исходот и е невозможно да се намести ваков тендер.
-Во проект кој што е финансиран од страна на европски банки, дел со кредитни линии, дел со грантови каде што се вклучени странски консултанти во фазите на евалуација и ефектите и исходите од фазите на евалуација ги одобрува или позитивно ги оценува носителот на кредитната линија во случајот Европска инвестициона банка е невозможно да се влијае на исходот и е невозможно да се намести, рече Перински.
Тој во текот на своето гостување посочи дека штом се докаже дека сето ова е невистино градоначалничката да смогне сила да си поднесе политичка одговорност т.е оставка.
-Навистина се смешни инсинуации кои што беа презентирани на неколку портали и од страна на градоначалничката во нејзиното вчерашно излагање. Мене ми е навистина жал што на овој начин се потруди, проба да моето изминато работење го оцрни, па затоа јас јавно сакам да ја повикам дали доколку овие изјави се докажат во идниот период дека се невистини, дали ќе смогне сила и храброст да им се извини на скопјани за искажаните невистини и дали ќе си поднесе политичка одговорност т.е оставка? Со вакви искажани фрази според моја проценка госпоѓата Данела Арсовска не заслужува повеќе да е градоначалник на градот Скопје, кажа Периснки.
Перински исто така порача дека никој до сега го нема оцрнете неговото име и презиме и дека ова работа ќе ја тера до крај.
– Јас во животот мој не сум дозволил никој да го оцрни моето име и презиме, јас ќе ја буткам работата до крај. Дополнително ме мотивира фактот што само 5 минута пред вчерашниот прес добив уште една комфирмација од Европската инвестиционата банка дека до сега процесот е кристално чист и нема ниту една дамка, така да тоа ми е дополнителен мотив за да докажам дека работите кои што градоначалничката ги сподели со јавноста се тотална невистина, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.