Делови од Скопската Котлина попладнево беа зафатени од локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од силниот ветер има и паднати дрва.

Како што веќе објавувме во Аеродром, вообичаено за секое поголемо невреме, летаа лимени конструкции од покривите.

Синоптичарите најавуваат нестабилно време и за утре, а преодно стабилизирање се очекува во петок, додека за време на викендот во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има пад на температурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.