Општина Кисела Вода го продолжи рокот за аплицирање за субвенција за сметките за струја

Скопје 06.09.2022 / 12:40

Општина Кисела Вода го продолжува рокот за поднесување на барања за субвенционирање на дел од месечните сметки за потрошена електрична енергија на социјално –ранливите категории.

Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе жители кои ги исполнуваат критериумите зададени со јавниот повик, на нивно барање, бараната документација може да се достави уште 7 работни дена од првично предвидениот рок, односно до 16.09.2022 год до 19 часот.

За потсетување, се работи за финасиска помош која Општина Кисела Вода ја обезбеди преку донација од приватна компанија и која има за цел социјално загрозените семејства, самохраните родители и децата без родители полесно да ги подмират сметките за потрошена струја.

Се работи за сума во износ од 1.200.000,00 денари, односно по 100.000,00 денари во текот на дванаесет месеци, кои ќе бидат наменети на оние на кои најмногу им е потребна помош.

Јавниот повик со критериумите за учество и потребната документација е достапен на општинската веб страница на следниот линк:

http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Binderrrr444.pdf

Дополнителни информации може да се добијат преку лицата за контакт:

Ана Ѓуроска ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk  071/391-167

Марјана Блажевска marjana.blazevska@kiselavoda.gov.mk  072/248-526

Документите треба да се достават со Архивата на Општина Кисела Вода, а изборот ќе го врши повеќечлена комисија. Подносителите ќе бидат известени во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката за распределба на средствата.

Ова е уште една од мерките која Општина Кисела Вода ја спроведува со цел да излезе во пресрет граѓаните кои во овој период на огромни поскапувања имаат се поголеми финасиски проблеми. Продолжен е и проектот “Храна за сите”, преку кој се обезбедуваат хуманитарни пакети за економски немоќните лица, а сите семејства кои имаат првоодделенче, од Општината на првиот училишен ден, добија бесплатни училишни чанти со тетратки и прибор.

Во периодот што следи Општина Кисела Вода ќе излезе со нов сет мерки, со цел овој тежок финасиски период полесно да се преброди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom canlı casino