Поинакви, но не и помалку вредни. Децата и возрасните лица со аутизам и секоја друга попреченост имаат потреба од квалитетни услуги и поголема грижа, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод денешниот Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот.

Ребека Јанковска Ристески, застапник на лицата со попреченост и борец за правата на децата со попреченост и ретки болести ме запозна со најголемите потреби на децата и возрасните. Токму затоа во Општина Центар ќе биде изработен регистар за лица со аутизам и посебни потреби по кој ќе се водиме при следните наши активности но и ќе бидат отворени дневни центри за престој на лицата со попреченост за поголема социјализација но и работа на различни активности кои ќе им го исполнат секојдневието.
Дополнително по барање на родителите ја продолжуваме и програмата за финансиска поддршка на личните асистенти на ученици со посебни образовни потреби и во месеците јуни и јули.
Заедно создаваме подобро и похумано општество, порача градоначалникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.