Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација денеска нема да работи поради „безбедносни причини“.

-Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново.

Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по вторпат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.