Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија денеска во просториите на Град Скопје во објектот – барака 1, во период од 16 – 18 часот организира отворен ден за заинтересирани граѓани и здруженија. Отворен ден со советничката група ќе се организира секоја прва среда во месецот почнувајќи од месец март, каде граѓаните ќе може со советниците отворено да разговараат и да ги предочат нивните, проблеми, потреби и предлог решенија кои ги имаат, а се однесуваат на делокругот на работа на Град Скопје и јавните претпријатија.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку отворените денови сака да ја приближи работата на градот до граѓаните.
Скопјани ќе можат своите предлози и сугестии да ги пратат и по електронски пат на: otvoren.den.sovet@skopje.gov.mk.
ВМРО-ДПМНЕ на дело спроведува нови политики и отворен пристап на институциите кон граѓаните. Институциите постојат за граѓаните и затоа ќе бидат отворени, а именуваните и избрани функционери достапни за комуникација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.