Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на Скопје за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари по лице со вклучен данок на личен доход.
Апликации за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот.
Јавниот повик со условите за аплицирање, како и сите потребни документи кои треба да се достават се достапни на линкот – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.