Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ „Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст напиша градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓеивски на социјалните мрежи.

Тој посочи дека ова се прави веќе трета година по ред и со задоволство може да каже дека библиотеката е опремена со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.

Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија ,,Алиса во земјата на чудата” и ,,Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид“ напиша Ѓорѓиевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.