Покрај булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Ново Лисиче, спроти трговскиот центар „Лиса“ се поставува нова пешачка патека.

Патеката ќе биде изработена од павер елементи и ќе биде долга триесетина метри.

Општина Аеродром патеката ја прави по барање на околните жители, кои со години наназад го газат постојниот тревник и на тој начин создале див скратен премин.

 

Создаваме услови за полесно и побезбедно движење на пешаците, а истовремено се грижиме за зачувување на зеленилото и здравата животна средина – информираат од општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.