Новата градинка „Црвенкапа“ е лоцирана во Стар Аеродром и има капацитет за згрижување на над 200 дечиња, информираат од Општина Аеродром.

Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Среќни сме што дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”. Пред пуштање во употреба, новата детска градинка „Црвенкапа” лоцирана во Стар Аеродром добива нов и уникатен изглед во внатрешноста. Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите, велат од Општината.

Додаваат дека Општина Аеродром вложува во нови капацитети за децата, кои ќе бидат место каде најмладите ќе сакаат да го поминуваат денот.

И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа, пишува на официјалната страница на Фејсбук, на Општина Аеродром.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.