Бетонот при своето вградување има одредени механички карактеристики, но поради пожарот доаѓа до таканаречена евапорација, испарување на водата заробена внатре во бетонските пори и поради тоа бетонот ги губи тие карактеристики. Сега прашањето е колку од тие каракеристики се изгубени, колку се задржани и што тоа ќе значи за конструкцијата. Арматурата за претходно напрегање е исто така многу чувствителна на високи температури, веќе при температура над 100 степени Целзиусови доаѓа до релаксација на напрегањето на арматурата, а со тоа се смалува силата и тоа може да биде сериозен проблем, објаснува во интервју за МИА професор Санде Атанасовски, еден од консултантите ангажиран во реализацијата проектот за мостот „Беласица“.

Оштетувањата по пожарот, како што вели, се неповолни без разлика дали се големи или мали.

Пензионираниот професор од Градежниот факултет во Скопје, Атанасовски, кој има работено на мостот од креирањето на идејата до неговото пуштање во употреба, вели дека доколку пожарот оставил големи последици на мостот следи долгогодишна санација. Но додава дека за утврдување на фактичката состојба во овој случај ниту една фирма во земјава нема доволно искуство ниту пак соодветна апаратура.

Професорот оштетувањата на мостот ги подели на две категори, помали или визуелно воочливи и поголеми внатрешни оштетувања.

Оценува дека утврдувањето и справувањето со посериозните последици би бил макотрпен процес, како и дека според прописите кои не наложуваат, но и според проценките на тимот кој работел на идејата за мостот не била предвидена можната опасност од пожар.

Интервјуто во целост тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.